
Екипа на Граничар Спорт од село Ново Коњаре, општина Ново Село, се откажа и нема воопшто да ја започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Иако првично оваа екипа имаше планови за реактивирање со млади играчи сепак ништо од оваа нема да има, а тоа ќе значи дека во новата сезона наместо 14 екипи како што беше најавено, сепак ќе настапуваат 13 или една помалку.
Граничар Спорт е клуб кој постои повеќе од 70 години, се започна со иницијатива за негово реактивирање како што посочи претседателот на клубот Стевче Стојанов за М Нет.
Како што ексклузивно дознава телевизија М Нет Граничар Спорт нема да настапува во Трета лига – Исток од причина што клубот не можел да ги исполни дел од обврските, за што ја има известено комисијата за натпреварување на Трета лига – Исток.
Новата сезона во Трета лига – Исток треба да започне на 15. септември, а на почетокот од месец септември е закажана ждрепката за новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет