
Бучавата и галамата кои што ја создаваат мнозина малолетници во ноќните часови во населбата Сењак во Штип ги остава граѓаните без сон. Некој стануваат од рани зори за работа, а други се болни лица на кои нередот им пречи за да имаат мир. Ова не е еден ден за да се изджи истакнаа тие и додаваат дека покрај галамата ,наутро затекнуваат расфрлан отпад од групата малолетници.
“Децата да бидат по воспитани, а тие нека седат и нека уживаат, ама нека не галамат , тие галама ставараат и со моторите исто и не можете да спиете. Ова е веќе депонија, лугето чистат и јас не се секирам.”, истакнаа жителите
“Многу зборуваат гласно до еден часот преку ноќе, до 10 часот ајде, ама до еден часот не е во ред. Штом се стопли времето навечер е се полно. Нека си седат никој не ги спречува, нека си седат”,додаваат жителите
“Хаос е, многу лоша работа е ова, а не смее ништо да им кажеме, jас не знам од каде доаѓаат од целиот град се овде собираат, што е работата јас не знам. Јас не можам око да склопам до наутро до четири часот, а некој доаѓаат и со мотори. Викаат и се нападни деца и женски и машки и се е тоа домашна култура „ , истакнаа жителите
“Треба тие деца малку да не викаат толку, бидејќи има болни луѓе, a и јас сум болна“, додаваат жителите
Се запрашуваме и ние како родителите не ги бараат во доцните часови, имајќи во предвид дека тие се малолетни, истакнаа граѓаните пред камерите на М-нет телевизија и апелираат на поголема одговорност од страна на родителите
“Епа ова е домашна култура, од дома ако не е воспитано и јас само не знам како родителите не се запрашуваат во еден часот на полноќ да видат каде им се децата. Децата не се виновни, родителите се, а тие немаат време.”, посочија жителите
“Повеќе фактори се причина и од дома. Воспитувањето треба да е од родителите, а сега е од телефоните и мислам дека тоа влијае. Не знам колку имаат време за тоа, секој за себе си одговара”, додаваат жителите
Во согласност со ситуацијата, надлежните се постојано на терен и ја вршат својата должност, но ваквата ситуација единствено што се должи е од домашната култура. Повозрасните граѓани велат дека родителите повеќе треба да работат на воспитување на своите деца.
Лаура Стојанова, М-Нет