Андовски: Младите доктори да останат овде бидејќи се бележи голем недостаток на специјализанти

300 специјализанти на ниво на државата ќе се вработат, со цел младите доктори да останат да работат дома. Недостаток се јавува во стручниот кадар, па заменик министерот за здравство, Јовица Андовски посочи дека во наредниот период ќе се насочат кон вработување на млад и нов кадар.

„Во врска со проектот за специјализнти исто поразговаравме го знаете проектот за вработување на 300 специјализанти ова година. Се договоривме со менаџментот да бидат повикани сите специјализанти кои гравитираат тука да им се понуди одредена работа, работни места, за да не ни одат во странство младите доктори за да може овде да ги задржиме затоа што има многу потреба. Затоа што има голем недостаток на кадар, а да не зборувам за опремата. Ќе се потрдиме во наредниот период сето тоа да го оправиме.“ – вели Андовски.

Во штипската Клиничка болница недостиг на кадар има на сите оддели, ама најалармантно е на единицата за ортопедија и трауматологија. Стои опасноста да се остане само со двајца ортопеди, а во 2023 година извршени биле над 20.000 амбулантски прегледи, 800 приеми и околу 600 операции.

„Специјалисти во сите одделенија има недостаток на специјалисти. Како пример ја земав само работната единица ортопедија и трауматологија. Тоа е работна единица во која што има 4 специјалисти, едниот е со продолжување на договорот за работа, другиот денес достави барање за продолжување на работа. Што значи дека во краток период можеме да останеме само со двајца ортопеди, а статистички погледнато треба да се знае дека за 2023 година работна единица ортопедија има над 20.000 амбулантски прегледи има 800 приеми и околу 600 операции.“ – вели Захариев.

Истакнаа дека сите специјализанти кои што ќе се пријават ќе имаат предност да бидат вработени во местото во кое што живеат или во тој реон.

Лаура Стојанова, М-Нет