
Од 10 до 15 септември сеочекува да започне новата жетва на белото златко во кочанско Оризари. До крајот на септември жетвата треба да започне и во Чешиново Облешево. Ова се должи пред се на високите температури, но и на фактот дека има засеано ориз со помала вегетација од 120 дена. Ова е добро велат оризопроизводителите кои долги години се занимаваат со производство на ориз.
„Како што температурите беа високи планираме жетвата да ја започнеме порано. Во некои предели пред се во Оризари и кочанско каде оризот беше засеан околу 1 мај, жетвата треба да започне околу 10 до 15 септември. Кај нас жетвата ќе започне околу 20 септември“ – вели Ташковски.
Годинава се очекува и подобар квалитет на оризот, оти не се забележани болести како примерот од претходните години. Негативни промени нема, што значи може да се очекува добар квалитет и кванититет кај белото злато.
„Засега немаме некои негативни промени кај оризот. Нема некои болести како претходните години. Очекуваме подобар квалитет, рендаман од 50% и квалитетен ориз на пазарот кој може да го пласираме“ – додава Ташковски.
Годинава се очекува и подобра цена на оризовата арпа, но и на белиот ориз. Со тоа ќе се помогне за егзистенција на оризарите, но ќе може да се продаде и оризот кој од минатата година стои во амбарите.
Лаура Стојанова М-Нет