
Овој викенд на програмата се натпреварите од 2. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност преку директен пренос на М Нет да го проследат во живо дербито од Југот меѓу Вардарски и Кожуф, дерби кое се игра на Градскиот стадион во Богданци.
Интересот за дербито на Југот е голем, а поради таа цел е одржан и состанок меѓу клубот домаќин, МВР и ФФМ, а од Вардарски излегоа со соопштение во кое се вели дека посетителите треба да бидат навремено на стадион, по можност 20 до 30 минути пред натпреварот.
Како доаѓа сабота, така атмосферата зоврива, сите со нетрпение го очекуваат дербито на Југот, Вардарски после 27 години се врати во Втората лига, а тоа во Богданци со нетрпение се очекува. Вардарски сезоната ја отвори во Автокоманда каде ремизираше со Скопје играјќи 2:2, а Кожуф исто така со реми ја отвори сезоната дома против Саса играјќи 2:2.
После 27 години во сабота во Богданци ќе се следи второлигаши фудбал, навивачите се подготвуваат за поддршка на Вардарски, гевгеличани доаѓаат во Богданци да го бодрат својот Кожуф.
Во сабота ексклузивно од Градскиот стадион во Богданци проследете го дербито на Југот меѓу Вардарски и Кожуф само на телевизија М Нет, со почеток од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет