
Изминатиот викенд се одигра првото коло од Втората македонска фудбалска лига, а во избор на телевизија М Нет тренер на првото коло е Дарко Крстески, шефот на стручниот штаб на Новаци.
Екипата на Новаци на стартот од новата сезона го сруши Детонит Плачковица во Радовиш, го сруши митот за непобедливиот терен во Радовиш, откако радовишани на свој терен немаат пораз повеќе од сезона и пол, а ако ланската сезона примија само еден гол, сега во еден меч примија дури четири погодоци.
Одличната игра, добрата тактичка поставеност, двата гола на Иве Трифуновски, големиот триумф во Радовиш и големата победа на Новаци од 2:4 го прави Дарко Крстески М Нет тренер на колото во рамки на првата рунда од Втората македонска фудбалска лига.
Во следното коло Новаци максимално мотивиран на домашен терен ќе се соочи со штипска Брегалница, додека пак Детонит Плачковица по големиот пораз ќе гостува во Македонска Каменица, каде ќе се соочи со екипата на Каменица Саса во обид да го поправи лошиот впечаток од првото коло.
Александар Ванев, М-Нет