
По повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ денот на рударите, советот на Општина Пробиштип донесе одлука за изнајмување на простор и тезги за манифестацијата „Денови на спорт и култура“. Заинтересираните кои сакаат да бидат дел од оваа манифестација и да имаат закуп на простор за време на настанот, треба да се пријават утре 22 август во 12 часот во просториите на домот на културата, истакна раководителот за одделот на јавни дејности на општината, Раде Илиевски.
“Советот на Општина Пробиштип донесе одлука за изнајмување на локации на местото на настанот, односно на градскиот плоштад. Имаме објавено и на профилот на општината, но и на веб сајтото на општина Пробиштип за јавниот повик секој што е заинтересиран може да повели утре во 12 часот во просториите на домот на културата да дојде и да биде дел од тие што ќе бидат заинтересирани за јавна лицитација за закуп на простор за време на настанот“, истакна Илиевски
Педесет проценти од пропишаната цена ќе биде за закуп на место за поставувањето на шанк за пиење, а истите ќе бидат поставени на неколку локации во централното градско подрачје околу плоштадот на општината.
“Значи во повикот е запишано се. Педесет проценти од пропишаната цена, 30. 000 е за закуп на местото за поставување шанк за пиење, но и шанк за храна а за секое наддавање е со износ од 2000 денари. Тезгите се посебно, бидејќи ова се за шанкови. Еден шанк ќе има на градскиот плоштад, на секундарниот плоштад ќе има четири такви локации за шанкови, а за тезгите имаме дополнително соодветен простор, така да и самите тие ќе бидат застапени како дел од ваквата манифестација.“, посочи Илиевски
Инаку, по повод празникот за овогодишната манифестација и празник посветен на рударите од Општина Пробиштип се предвидени познати естрадни уметници, но и богата културна програма со која посетителите ќе можат да уживаат.
Лаура Стојанова, М-Нет