
Екипата на Студеничани без ниту еден пораз со 15 победи и едно реми стана шампион во Општинската фудбалска лига – Кисела Вода или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Студеничани откако го освои првото место и го обезбеди шампионскиот пехар стекнува право за учество во Третата македонска фудбалска лига – Север за следната натпреварувачка сезона.
Телевизија М Нет продолжува со медиумската поддршка на нисколигашите, па така нашата екипа беше на последниот натпревар од ОФЛ Кисела Вода, каде во рамки на последното 18. коло Студеничани со 7:0 го декласираше Славија Пржино.
Бујамин Асани во 6. минута погоди за 1:0, а потоа Сабри Алиу и Омер Шабани зголемија на 3:0. Фати Јусиф со еден гол во првиот дел и два во вториот дел постигна хет-трик, а печат на оваа убедлива победа стави Зејди Шабани за конечните 7:0.
Како што дознаваме неофицијално во среда треба да има ждрепка за бараж за влез во Трета лига – Север, а во таа ждрепка влегуваат четири екипи, односно Студеничани, Пчиња, Ржаничино и Њу Старс. Иако постои можност за директен влез на овие екипи, сепак во среда и официјално ќе биде потврдно дали ќе биде потребен бараж за пополување на Трета лига – Север или пак ќе има директен влез.
Александар Ванев, М-Нет