Штипскиот кик-бокс клуб „Гладијатор Фајт“ ќе учествува на Балканско првенство во Црна Гора

Кик-бокс клубот „Гладијатор Фајт“ од Штип предводен од тренерот Шенов Асанов ќе учествува на Балканско првенство во Црна Гора, кое ќе се одржи во период од 31. мај до 2. јуни годинава.

Штипскиот клуб ќе настапи со три натпреварувачи односно Марио Алексов кој ќе настапи во категорија до 57 килограми, потоа Андреј Алексов во категорија до 52 килограми и Јован Јанковски кој ќе се натпреварува во категорија до 42 килограми.

Тренерот Асанов за телевизија М Нет исткана дека очекува од неговиот тим одлични резултати од Балканското првенство.

Инаку, на Балканското првенство ќе настапат натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина, Косово, Грција, Хрватска и Србија.

Александар Ванев, М-Нет