Дали бајачите со нивната моќ можат да ги решат проблемите, веруваат ли штипјани во бајачи и гатачи?

Расте бројот на граѓани кои спас бараат кај бајачите кога ќе се појави здравствен проблем. Дали тие нудат вистинско решение или не, или пак доведуваат до уште еден не започнат проблем. И во поново време дел од граѓаните без разлика на возраста се препуштаат во нивни раце. За свештените лица, оваа тема е неприфатлива, сметаат дека на овој начин се негира црквата и дека народот му се препушта на ѓаволот. На терен анкетираните граѓани сметаат дека е суеверие.

„Па има некои ама па мислам дека е суеверие, не верувам. Па секако било е еден начин на лечење колки и да не веруваме, па верувам у бајка за уроци и сум практикувала до некаде, но не премногу.“

„Не, никој пат од раѓање не верувам у бајачки. Ја сум медицинско лице и не никако. Може. Може мислам да за суеверие, иначе ја не верувам. Повторно да се родам нема да верувам. Веруват да има, има и колешки и медицински лица потенцират оти нели бајарии ќе помогнат а докторите нема да помогнат и смешни ми се. Можда и мајка ми веруваше малку ама пред се докторите“

Од друга страна има и дел задоволни граѓани кои веруваат и решение нашле кај нив.

„Помогнале ми нешто и така и така.“

Најчесто голем дел од оние што оделе по бајачи имаат силен неспокој, силен немир, а завршуваат и со душевни болести и самоубиства, по подолг период од посетувањето на бајачите.

Лаура Стојанова, М-Нет