ЦУК:Одрони на патниот правец Виница-Берово и Кочани-Делчево, апелираат за внимателност

Одрони на патниот правец од Делчево кон Макеоднска Каменица, известуваат за внимателност од ЦУК. Отаму апелираат да се вози со прилагодена брзина и да се почитува патната сигнализација. Имено да се вози внимателно на патиштата низ котлините, речните долини и клисури, особено кај делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

„Регионалниот Центар за управување со кризи Штип, известува дека Екипа на „Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта“ – „Македонијапат“ интервенирала во расчистување на одрони на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица 200 метри после знакот за с. Бигла. Заради можноста од одрони пожелно е да се вози внимателно на патните правци покрај коишто има карпести ридови. Конкретно, од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. “ – изјавиа од ЦУК

Имено од ЦУК посочиа дека во последното деноноќие имаат добиено 1951 повик на бројот 112. Станува збор за итни случаи и тоа лице кое се лизнало покрај земјен пат близу село Тимјаник, отсранување на вода од улици, паднати дрвја и одрони и само еден пожар на отворено.

Лаура Стојанова, М-Нет