Од 580 првачињата минатата година, оваа година во училишните клупи вo Штип треба да седнат 559 првачиња. Согласно податоците добиени од страна на СВР Штип, бројката на првачиња е намалена за 20. Уште позагрижувачки факт е дека оваа бројка не се испполнува, бидејќи родителите заминуваат во странство, децата се запишуваат во други градови.
„За жал оваа бројка не се исполннува тоа е така од различни причини, се случува родители да емигрираат некаде, да отидат во друг град или пак некаде во странство.“ – вели Санева.
Уписот на првачиња трае до 31 мај кога се очекува да биде пополнета бројката и децата да седнат во училишните клупи.

„Уписот на првачињата е во тек и трае до 31 мај и веќе родителите започнуваат да ги запишуваат своите дечиња и се надеваме дека ќе се исполни бројката која е предвидена. Оваа година по едвиденција од СВР Штип има вкупно 559 ученици кои треба да се запишат во основните училишта во Штип.“ – вели Санева.
Проблем кој треба да се надмине е и реонизацијата. Болно прашање за општината е, но се надеваат дека годинава ќе се почитува реонизацијата од страна на родителите и децата ќе се запишат на училиште согласно нивниот реон.
„Ова прашање е навистина болно во општината, но се надевам дека оваа година ќе има почитување на реонизацијата комплетно и дека сите ученици ќе бидат запошани во оној реон во кој припаѓаат“ – додава Санева.
При уписот родителите се должни да достават уредна документација која опфаќа копија од матичната книга на родените на ученикот, копија од лична карта на родителот на ученикот потврда за уреден вакцинален статус, потврда од стоматолошки преглед, потврда од очен лекар, изваден од страна на надлежни здравтсвени установи. За децата со посебни потребни родителите се должни да достават мислење од комисијата за проценка на деца и младицни.
Лаура Стојанова, М-Нет