
Денес се одиграа натпреварите од 12. коло од Втората лига, а дербито на колото се одигра на “Билјанини Извори” каде Охрид го пречека лидерот Беса од Добри Дол во меч каде гостинот со 1:3 беше убедлив. Беса прва поведе на “Билјанини Извори” со голот на Борха кој беше постигнат во 12. минута од мечот. Во 33. минута по нафрлена топка од слободен удар истата ја закачи со глава капитенот Есати за 0:2 на полувреме.На стартот од вториот дел Беса зголеми на 0:3 преку Скендери. Во продолжението од мечот Охрид преку Хусеини намали на конечните 1:3.
Гледачите на телевизија М Нет имаа можност да го проследат дербито од долниот дел на табелата меѓу Осогово и Вардар од Неготино, натпревар кој се одигра на Градскиот стадион во Кочани каде конечниот исход беше 2:2 и поделба на бодовите.На полувреме гостинот од Неготино имаше предност од 0:1 со голот на Алексовски од пенал. Во вториот дел Зумровски постигна гол за 0:2, а потоа со два гола на Тоше Манов домашните се спасија од пораз и извлекоа бод (2:2).Во финишот Ќазимов со втор жолт беше исклучен од игра.
Исто така, гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт имаа можност да го проследат натпреварот меѓу Башкими и Арсими каде гостинот од Чегране си замина со тритебода 1:2. Башкими преку Саити прв поведе со 1:0 во 26. минута, а Реџепи во 33. минута постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Авдули постигна гол за голема победа на Арсими од 1:2.

Каменица Саса на домашен терен го пречека Детонит Плачковица каде гостинот од Радовиш со пресврт во вториот дел забележа победа од 1:3.
Чилафи си постина автогол со што на полувреме резултатот беше 1:0 за Саса, а во вториот дел Бабунски, Рушити и Керим беа стрелци за победа на радовишани
Во Струмица свое соочување имаа Беласица и Караорман каде трите бода останаа дома 2:1.
На полувреме резултатот беше 1:1. За струмичани Милушев, а за гостите од Струга погоди Адили. Во вториот дел Бејков ги постави конечните 2:1.
Во меч за излез од резултатската криза Новаци со голот на Стојчев го доби Кожуф со 1:0.
Во Прилеп се одигра дерби меч на ланските прволигаши Победа и Скопје каде прилепчани со голот на Димоски забележаа минимална победа од 1:0.
Дванаесеттата рунда ни го донесе и дербито меѓу Тетекс и Пелистер каде битолчани со 0:1 забележаа триумф над “штофарите” со голот на Стефан Костов.