Нови победи за Шкендија Арачиново и Фортуна, Куманово со “петарда”

Денес се одиграа натпреварите од 10. коло од Трета лига – Север, а гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт го следеа соочувањето на Илинден и Шкендија Арачиново во меч каде гостинот со 1:4 забележа висока победа.

Екипата на Илинден која лани настапуваше во Втора лига како Пехчево Скопје не беше моќен за гостинот од Арачиново.

Чеков беше стрелец за домашниот тим, а за гостинот Беќири беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Чилафи и Алији.

Фортуна со 5:3 го доби мечот со Риниа каде за домашниот тим стрелци беа Шаип кој постигнаа хет-трик, а по еден гол постигнаа Муртезани и Ибрахими.

“Фенерџијата” ССК немаше сили за лидерот Куманово кој со 0:5 запиша нова победа. Димов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Сулејмани, Иљази и Тасевски.

Беса Влазрими со 3:0 го доби Бутел на домашен терен со двата гола на Фетаи и едниот гол на Бајрами.

Некогашниот второлигаш Кадино со 5:3 славеше над БВК Коњаре. Благојевски и Илиевски беа двојни стрелци за домаќинот, а еден гол беше дело на Пеев. За гостинот Исљам беше двоен стелец, а погоди и Ристовски.

Петровец и Аеродром одиграа 1:1 и ги поделија бодовите. Калач беше стрелец за домашните, а за гостите погоди Апостоловски.Башкими Љуботен загуби од Еуромилк ГЛ со 1:2. Самакова погоди за домаќинот, а за гостинот Јаневски и Тасески.