Брера Струмица конечно победи откако денес на домашен терен со 2:1 ја доби Струга во рамки на 14. коло во Прва лига.За струмичани стрелци беа Рибаудо и Јанкулов во првиот дел од мечот.Во вториот дел шампионот го ублажи поразот на конечни 2:1 со голот на Незири.Воска Спорт го доби дербито со Вардар во Скопје каде охриѓани со 1:2 забележаа важна победа.Охриѓани рано стигнаа до водство со голот на Јашароски. Веќе во 15. минута Вардар преку Папули израмни на 1:1. Во вториот дел Воска Спорт одново дојде до водство од 1:2 со втор гол на Јашароск кој го постави и конечниот резултат.Брегалница запиша нов пораз откако на гостински терен загуби со минимални 1:0 од екипата на Гостивар во меч каде домашниот тим ја имаше улогата на фаворит. Стрелец на победничкиот гол беше Атиемвен.Брегалница постигна гол за 1:1 преку Колин Андресон, но истиот беше понишен. Шкендија со минимални 1:0 го доби Тиквеш на домашен терен со голот на Дита со што трите бода останаа во Тетово.
Утре играат Македонија ЃП – Работнички во скопската пресметка, а во Кратово играат Силекс и Шкупи.