Превентивна активност на СВР ШТИП “Биди подготвен за безбедно патување во зима”

Денеска (11.11.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведоа превентивно едукативна активност кај наплатната станица кај с.Кадрифаково, светиниколско и на повеќе локации во централното градско подрачје, при што на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата под мотото “Биди подготвен за безбедно патување во зима”, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот .