
Утре на вонредна седница на совет ќе се одлучува за иднината на штипски Исар. Советниците од власта и опозицијата во Штип, ќе расправаат по дневен ред на кој ќе има само две точки: предлог одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Штип за 2023 година, како и предлог одлука за субвенционирање на ЈП Исар Штип. На утрешната седница треба да се донесе одлука со која 18 милиони денари од Буџетот на општината ќе се прелеат на сметка на ЈП Исар со цел да се плати долгот кон еден од добавувачите, да се одблокира сметаката на претпријатието и со тоа да се врати неговата ликвидност. Во образложените на поканата за седница пишува дека ЈП Исар се соочува со сериозен предизвник за обезбедување финансиски средства, а со оглед на фактот дека општината е негов основач, стои предлогот пари да се обезбедат од Буџетот на Општина Штип. Ова пред два дена беше истакнато и од градоначалникот Иван Јорданов, кој посочи дека на седницата ќе се знае од кое опптинско конто ќе се обезбедат парите за ЈП Исар.
Седницата ќе се одржи во Големата сала во Општина Штип со почеток од 10 часот. Истата ќе биде во живо пренесена на програмата на М-Нет телевизија.
Лаура Стојанова М-Нет