СДСМ Штип: Јорданов го доведе во колапс ЈП Исар,Општина Штип: Долгот е наследен

Граѓаните на Штип наместо да бидат сведоци на изградба на капитални проекти и развој на градот, тие беа сведоци на драматичното обраќање на Јорданов, посочија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму додаваат дека за финансиските проблеми во ЈП Исар не треба Јорданов да бара виновници во претходните раководни структури туку во неговите партиски поставените полтрони.

„Успеавте за само половина од вашиот мандат повторно економиски да ги колабирате јавните претпријатија и сите општини каде ја освоивте власта. За жал денес граѓаните можеа да се уверат дека и Штип се приклучува во редот на целосно нефункционални општини. Вие како пратеник и партијата ВМРО-ДПМНЕ доколку реално се грижевте за ЈП требаше загриженост требаше да ја покажете со тоа што немаше да ги опструирате и блокирате законите со кои долгот на ЈП „Исар“ по основ на камати ќе беше намален за 2.6 милиони евра. ДПМНЕ не гласаше за овие законски измени затоа што тогаш беа локална опозиција инкако и секогаш не покажаа грижане за добробитта на граѓаните и на јавните претпријатија.“ – велат од СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека во изминатите 18 месеца Локалната власт во Штип постапила спротивно сите предизборни ветувања.

„Имено за само 18 месеци: ја зголемивте цената навода за пиење; ја зголемивте цената за ѓубретарина; а зголемивте цената за одржување зеленило. Целото зголемување на цените на услугите го надополнувате со неработење и неисполнување на основните работни описи на ЈП „Исар“, затоа што: пречесто има бројни дефекти во водоснабдување; Штип ни е опсипан со ѓубре кое не го чистите; зеленилото насекаде е неискосено, а парковите се запуштени. “ – додаваат од СДСМ.

Од Општина Штип на ваквите обвинувања вратија дека дологот за кој сега се плаќа е наследен и дека поради недомаќинското работење претходно сега трпат јавното претпријатие ама и граѓаните во Штип.

„Кај СДС очигледно постои отсуство на срам и иако е генератор на многубројни проблеми повторно се осудува да прозива и критикува. Кредит со огромни камати за кои немаат платено ниту еден денар, партиска превработеност и еден куп метастазирани проблеми кои јавното претпријатие ги наследи токму од нив,а времето за наплата по нарачка дојде токму со промената на власта на локално ниво. Од долгот кои го наследивме од вкупно 5 милиони евра, за 18 месеци локалната самоуправа и ЈП Исар поради нивната неодговорност имаат платено над 1 милион евра камати само за кредитот кои го земале пред 20 години,а не биле способни да го сервисираат.Јавноста треба да знае дека тие средства кои сме принудени да ги враќаме можеа да се вложат во изградба на нови инфраструктурни проекти како паркови,градинки и детски игралишта. Токму поради таа неодговорност ЈП Исар денес се соочува со потешкотии во работењето,а тие како причинител на проблемите секојдневно дефокусираат и опструираат. Но и покрај тоа,за нивна несреќа Штип ќе продолжи да се развива секојдневно и ништо нема да не поколеба да ги оствариме нашите зацртани проекти кои оваа година ќе бидат најбројни од основањето на нашата општина.“ – стои во писменииот одговор од страна на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет