Текстилец загуби во Свети Николе од Овче Поле

Ракометарите на Овче Поле на домашен терен и пред својата публика целосно го надиграа тимот на штипски Текстилец, со резултат од 28:20, во рамки на 14. коло од Првата лига.

Дебитантот во прволигашката конкуренција имаше целосна контрола над мечот од самиот почеток, и не дозволи ниту на момент можност за изненадување. Овче Поле имаше константно водство од три до четири гола, а на полувреме имаше водство од 13:9.

Во вториот дел продолжи играта од првите триесет минути, домашните продолжија со контролата над мечот и со желбата за трите бодови да останат дома, па не му дозволија на Текстилец да се врати во игра и можност за изненадување.

Овче Поле стигна до својот петти триумф во дебитанската сезона, а до овој триумф беше предводен од Бојан Гичев со 11 гола, а пак Димитрија Крстев беше втор на листата на стрелци за Овче Поле со шест погодоци. Во таборот на штипјани Стојанче Ристов беше најдобар со шест гола, а пак два помалку имаше Милислав Петров.