Младо момче од Кочани си го одзеде животот скокајќи од мостот на брана Градче

Младо момче од Кочани денеска си го одзеде животот скокајќи од мостот на брана Градче. Немилиот настан се случил околу пладне, кога според очевидци момчето ги оставило личните предмети на мостот и скокнало. Увид во местото на настанот изврши увидна екипа од ОВР Кочани, а доктор од Итната медицинска помош Кочани констатираше смрт на лице место. Ова не е прв ваков случај. Круната на мостот на брана Градче висок околу 30 метри и претходно сведочела за вакви немили настани.