ИТНО: Се бараат доброволци за гаснење пожар кај делчевското село Бигла

Потребни се доброволци кои ќе се вклучат во акцијата за гаснење на пожар што избувнал во близина на атарот на селото Бигла, Делчевско. Според објавениот повик, пожарот е во близина на локацијата каде што се наоѓа Спомен-собата на Дедо Митко Ороводецот. Се повикуваат граѓаните кои се во можност да помогнат да се приклучат на акцијата за справување со огнената стихија. Засега нема дополнителни информации за размерите на пожарот и зафатената површина.