
Доматот ја достигна цената од 80 денари по килограм. На последниот пазарен ден во месец јули, а воедно и последен пазар пред празникот Илинден во Штип, купувачите со поделено мислење. За едни ваквите цени на производите не се соодветни за овој дел од годината, за друг дел пак цените се средни речиси идентични како и минатиот петок.
„Цените се никакви, 100 денари доматот, 80 денари за килограм не е било никој пат овоа во јули месец, август веќе дојде. На што личе ова, пиперот 60 денари, со пензии од 12 илјади 13 илјади што, еден петок има пари и толку“
Според продавачите на овошје и зеленчук има благо покачување на цената на бананата, раздвиженоста и побарувачката се задоволителни со оглед на фактот дека граѓаните земале пензија.
„Добра е побарувачката, не е лошо, имаме доста потрошувчка, најмногу на овошјето. Цената на праската е од 50 до 60 денари, грозјето е 60 денари, доматот од 70 до 80 денари, бананата е покачена и е 70 денари.“
Дел од продавачите и денеска прогнозираат покачување на цените на доматот, друг дел велат сѐ зависи од временски услови и колку производство ќе има.
Лаура Стојанова М-Нет