Граѓаните во Штип скромно се подготват за Илинден, примањата толку дозволуваат

На три дена пред големиот христијански празник Илинден централното градско подрачје во Штип вообичаено полупразно. Граѓаните излегуваат само за завршување на некои основи обврски. Според анкетираните на терен речиси не се ни чувствува дека се ближи празник. Нема средства за да се посети Крушево, не може празникот да се просваи како во времето на Југославија, па единствено што останува е едвај да се подготви една скромна празничка трпеза.

„Многу е скапо, секој би поскала да замине за Крушево, но бидејќи примањата се многу слаби, цените се многу високи, опфанато од храна, хигиенски средства, не стасува за животот а не за повеќе да си пружеш, да си одвоеш време и да отидеш за Крушево.

Анкетираните граѓани со разни методи како државата да се спаси од тешката ситуација во која се наоѓаме сега.

„Би сакала да дојде една година од (Северна) Кореа претседателот за да ставе еден ред. Имам гледано дека ако задреме партиски човек тој го стрела, па добро ќе биде плоштадот ќе ни биде полн со стрелани, треба таков претседател, иначе вака не бива.„

На терен штипјани додаваат дека пораснале цените на месото и млечните производи, зеленчукот, па Илинден ќе го одбележат доста скромно во кругот на потесното семејство.

Лаура Стојанова М-Нет