Дали парите од самопридонесот треба да се искористат за промена на водоводот во Штип?

Трет обид парите од самопридонесот да се искористат, овојпат за реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа во Штип. За таа цел сегашаната Локална самоуправа предвидува распишување на референдум по било која цена, за парите да не останат замрзнати на сметка, а бенифитот да го почувствуваат и граѓаните. Анкетираните штипјани велат дека редно време е да се искористат овие пари, а според нив реконструкцијата на водоводната мрежа е приоритет на кој треба навистина да се работи.

„Секако треба, оно требаш и за браната ама не успеа. Ова треба да успее сега затоа што катастрофа е пред 60 години е правена канализацијата и водовод, ќе пука тоа е старо.“

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека референдум ќе се распише без разлика дали ќе има предвремени парламентарини избори наесен или не. Проблемот со водоснабдувањето во Штип по секоја цена мора да биде решен.

„По секоја цена ќе распишеме референдум, затоа што ова не се издржува на дневна основа да имаме дефекти и да имаме нервоза кај нашите сограѓани. По секоја цена, јас се надевам дека сите заеднички ќе се обединеме кон решавање на овој горчлив проблем кој не засега сите нас без разлика на политичка, етничка, партиска припадност и затоа решението на овој проблем е да се излезе на референдум и да се искористат парите од самопридонесот кои ќе го решат во најголем дел овој проблем односно старите цевки ќе бидат заменети со нови.“ – кажа Јорданов.

Санопридонесот се реализираше од 1992 до 1997 година, кога граѓаните издвојуваа месечно по 2% од платите за изградба на хидроакумулација на Козјачка река. Имаше два неуспешни реферндуми. Првиот беше во 2000 година за изградба на спортска сала, а вториот во 2004 година за изградба на брана на река Отиња.

Лаура Стојанова М-Нет