
Поправен дефектот на водоводната линија во Штип, од утринава сите населби кои вчера беа со суви чешми денеска имаат вода за пиење. Директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека вчера екипи на претпријатието работеле на дефектот и истиот е поправен, а граѓаните веќе имаат вода.
Информацијата ја потврдуваат и граѓаните кои ги анкетиравме, додавајќи дека од утринава водата не е добра, но барем ја има. Додаваат дека проблемот под итно мора да се реши.
Во текот на вчерашниот ден вода немаа една третина од домачинствата во Штип заради втор деект кој се појави на водоводната цевка. Но, екипи од претпријатие беа на терен за навремена реакција и санација на дефектот за на овие пеколни температури штипјани да имаат вода за пиење.
Лаура Стојанова М-Нет