Туристи во танги се качуваат во потопената црква во Мавровското Езеро

Тони Чаловски попладнево на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии на кои се гледа како лица во костими за капење се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на делумно потопената црква „Св. Никола“ во Мавровоското Езеро. Тој ги повика надлежните да интервенираат за ваквото непочитување на црковниот објект.

Чаловски тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, дека станува збор за место кое „претставува свет и духовен простор, а истовремено е дел од културното и туристичкото наследство на Маврово“.

Тој бара соодветна интервенција од институциите и воведување ред и додава и додава дека целта на објавувањето на фотографиите не е навреда на туристите, туку алармирање на јавноста и надлежните институции.

Текстот (Видео) Туристи во танги се качуваат во потопената црква во Мавровското Езеро е превземен од МАКФАКС.