Доматот со висока цена, примањата ниски, ама пазарот во Штип со добра понуда и побарувачка

Доматот со цена од 40 до 60 денари на градскиот пазар во Штип. Намалување на цената не се очекува, бидејќи производството е при крај, велат произведувачите и продавачите, а ова е и причинa поради која тој сѐ уште држи повисока цена. Главно, тој е еден од производите кој најмногу се бараа денеска покрај пиперката, краставицата и сезонското овошје.

Купувачите се со поделено мислење за цените на производите, за дел се скапи, за друг дел пристојни, па речиси и евтини, но сите се согласни дека примањата се мали.

Дополнително, се очекува да порасне цената на медот, но за сега таа останува иста 500 денари за тегла мед.

Лаура Стојанова М-Нет