Нов апарат за електроенцефалографија доби Детското одделение при КБ Штип

Апарат за дијагностички процедури доби Детското одделение при Клиничка болница Штип како донација од организацијата „Лајонс“. Дечињата со разни развојни забалувања и хронични главоболки нема да мора да патуваат за преглед до главниот град.

„Претставува дијагностичка метода која е златен стандард за поставување на дијагноза на епилепсија кај деца и кај возрасни и многу важна алатка за следење деца со разни видови на развојни нарушувања и хронични главоболки за кои нема органска основа. Ќе ни биде од голема помош за дијагностиката на голем број состојби и се надеваме дека нема да им треба на голем број деца“ – кажа Шпиртова.

Ваков апарат Детското одделение при Клиничка болница Штип добива за првпат, а ќе следи и доедукација на персонал за работа со апаратот.

„Само мал број на установи во нашата држава го имаат овој апарат и со ова одиме чекор понапред да го подигнеме нивото на давање на здравствени услуги во нашата болница“ – додаде Георгијев.

Задоволството е големо и за организацијата, од каде истакнаа дека нема да застанат овде и дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Во оваа прилика Георгијев истакна дека расте бројот на интервенции и операции, а со тоа и потребата од нови апарати кои се набавуваат дел со донации, дел со сопствени средства на болницата.

Лаура Стојанова М-Нет