
Одбојкарската У – 20 селекција на Македонија синоќа во Приштина ги загуби сите шанси за освојување бронзен медал на Балканското првенство. Нашите одбојкари загубија од директниот конкурент за медал селекцијата на Црна Гора со резултат 3:1 или по сетови (18:25), (25:15), (25:27), (20:25) и засега се на 4 место на табелата. Македонската селекција има „невозможна мисија“ во денешното последно 5 коло во кое се среќава со најголемиот фаворит – репрезентацијата на Турција. Селекцијата на Црна Гора ќе има многу полесна задача против Албанија а во третиот натпревар ќе се сретнат Бугарија и Косово.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk