(Фото) Општина Битола: Во изградба е спортската сала во Бистрица

Со децении нефункционален, сега во фаза на изградба, од некогашен културен дом ќе прерасне во мултифункционален објект, извести Општина Битола.

Градежните работи се во тек, а денеска увид во нив направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски и одговорните лица за овој проект.

„Жителите на Бистрица ќе добијат објект за спортски, но и културни активности на површина од 386 метри квадратни.

Новата спортска сала е во две целини приземје и галерија. Приземјето ќе биде поделено на две функционални целини, односно мултифункционален простор за спортски активности и помошни простории. Галеријата, ќе ја задржи својата намена, како гледалиште за културни манифестации“, велат од Општина Битола.

Според градоначалникот Коњановски, на овој начин се создаваат нови можности за младите, но и за повторно заживување на околните населени места.

За овој проект се инвестираат 37.599.966 денари, информира Општина Битола.

Текстот (Фото) Општина Битола: Во изградба е спортската сала во Бистрица е превземен од МАКФАКС.