Жителите од с. Бање, Соколарци и Спанчево преку протест бараат пристапен пат до нивните ниви

Жителите од селата Соколарци, Спанчево и Бање денеска огранизираа мирен протест, бидејќи со изградбата на експресниот пат Штип Кочани им се блокира пристапот до нивните земјоделски површини. Како што истакнаа тие нема соодветни подвозници и надвозници по кои би пристигнале до нивните ниви. Истовремено, најголем дел од нив се занимаваат со земјоделие и одгледување ориз па и егзистенцијата им е ставена под знак прашалник.

Една од засегнатите страни се јавува и Општина Чешиново Облешево. Градоначалникот Горанчо Крстев вели дека проблемот на земјоделците е реален и дека и општината е поднесено барање до останатите засегнати страни, но одговор се уште нема.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вчера од Штип посочи дека не гледа причини за некој да излезе на протест и да стопира изградба на експресен пат кој би го поврзувал Истокот.

Надзорот врз градежните активности кои исто така беше присутен на протестот посочи дека одобрение за изградба на патот е добиено и тоа со сите позитивни мислења. Тој додаде дека ниту изведувачот, ниту надзорот се надлежни за овој проблем и не можат да го решат истиот. А жителите истакнаа дека додколку не им се излезе во пресрет на барањата ќе се радикализираат протестите и сами ќе си направат пат за минување.

Во овие три села живеат по околу 250 до 300 семејства и воглавно сите егзистираат од земјоделие односно одгледување на белото злато.

Лаура Стојанова М-Нет