Мајка од Штип со три малолетни деца оставена на улица, бара помош од институциите

Трогателната животна приказна за семејството Маневи продолжува. Отакако пред околу 4 месеци добија нов целосно опремен дом, во населба „Железничка“ во Штип, благодарејќи на хуманитарецот Александар од Штип, денеска Елена и нејзините три малолетни дечиња не живеат во него. Во текот на вчерашниот ден биле избркани од домот во кои живееле претходно за сега Елена да се смести во домот на нејзината мајка.

„Алексадар пред четири месеци пет ангажира се со хуманитарни луѓе куќата буквално беше рушевина, тие ни ја направија цела куќа и сега свекорот вчера рипна со нож на децата и сака да си одеме од куќата, а мојот сопруг е во затвор. “ вели Елена.

Играта, смеата и плачот на трите малолетни дечиња причина за ова семејство биде избркано од домот во кој живеаа.

Куќата која доби сосем нов лик благодарение на Аце е во сопственост на свекорот на Елена, меѓутоа како што вели таа уште пред да започне нејзината реконструкција одобрение побарале и од свекорот.

„Тоа долу се што е правено е направено заради децата и свекотор тогаш дозволи да се прави да се гради и сега откако се е направено тие со деверот земаа се.“ – додава Елена.

Елена не бара нешто невозможно. Нејзината единствена желба е нејзините дечиња да живеат достоен живот, да не гладуваат и да не бидат голи и боси.

„Сакам некаква помош од институциите, од градоначалникот да се помогне на децата“ – истакна Елена.

Согласен дека помош од институциите треба е и Александар. Тој посочи дека се што е направено е за децата и нехумано е тие да останат на улица.Екипата на М-Нет беше и во куќата каде треба да живее Елена со нејзините малолетни дечиња. Лулашката и играчките на децата не пречекаа во дворот, но врата не отвори никој.

Лаура Стојанова М-Нет