
И кинеската вакцина синовак пристигна во салата Јордан Мијалков во Штип. Утре првите 500 граѓани ќе седнат на столче за вакцина со синовак. Впрочем денеска пристигна првиот контигент со илјада вакви вакцини, во меѓувреме денеска се вакцинираше со вакцина од производителот „Фајзер“.
„И денес имаме закажано 500 пациенти, вакцинираме денес со „Фајзер“, а само што примивме пратка од 1000 дози „Синивак“ и утре ќе вакцинираме со „Синовак“. – кажа Дијана Коцева Миланова.
Со намалување на стросната граница за вакцинирање на граѓаните се намали и потребата за домашна посета односно вакцинирање на граѓани во нивните домови. Ако додека се вакцинираше повозрасно население над 60 години домашните посети за вакцини беа од 15 до 20 дневно, сега се намалени на 1 до 2 дневно за лица од 56 и 57 годишна возраст.
Во меѓувреме од Министерството за здравство информираат дека Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет