
Зелената партија ДОМ и дава целосна поддршка на Општина Кочани против изградбата на мини хидро централа на Мала река на Барана „Гардче“. Иницијативата за референдум произлезе од здружението „Греен орг“ и од негова страна се исполнети сите услови за отпочнување на референдум. Преостанува Советот на Општина Кочани на својата следна седница да го стави граѓанскиот предлог на гласање и да се произнесе по однос на барањето на граѓаните.
„Ние, како Зелени, сме апсолутно против изградбата на оваа мала хидроелектрана, која е на едната од двете притоки на езерото Градче, на само стотина метри од границите на зоната за строга заштита ,,Голема Река”, и е во територијата на заштитеното подрачје Осогово“ – посочија од ДОМ.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во гостувањето на М-Нет телевизија исто посочи дека се против изградбата на мини хидро централи во државата.
„Ние сме против изградбата на мини хидро централи, јас често за тоа зборувам и во Собрание. Иако водата е обновлив извор на енергија и мали хидроцентрали се градеа со идеја дека наместо да користиме јаглен, фосилни горива да се користи водата како ресурс, искуствата покажаа дека штетите што овие мини хидро централи и носат на животната средина се огромни“ – истакна Морачанин.
Според Морачанин поефтино би било да увезуваме електрична енергија за парите кои се издвоени за изградба на мини хидроцентрали.
Против изградба на мини хидроцнтрала на Мала река на Брана „Градче“ се и граѓаните на Кочани, здруженијата и невладини организации за заштита и зачувување на животната средина.
Лаура Стојанова М-Нет