Со пласманот на Брегалница, Скопје и на Тиквеш комплетирана Првата фудбалска лига на Македонија

Со одигрување на вчерашните два бараж натпревари заврши фудбалската сезона 2020/2021 во која се познати сите 12 екипи на Првата фудбалска лига на Македонија. Тиквеш го победи тимот на Силекс со резултат 1:0 и им се придружи на Брегалница и на Скопје во прволигашкото јато во кое остана Ренова победувајќи го во баражо Охрид после пенал – рулетот. Сега Првата фудбалска лига на Македонија изгледа вака:

  1. Шкендија
  2. Шкупи
  3. Струга ТЛ
  4. Македонија ЃП
  5. Работнички
  6. Пелистер
  7. А.Пандев
  8. Борец
  9. Ренова
  10. Брегалница
  11. Скопје
  12. Тиквеш

Во најелитното друштво ќе ги нема Вардар и Силекс, но по извесна пауза се враќаат, Брегалница по четири годишна пауза, Скопје по две годишна пауза и тимот на Тиквеш по пауза од 17 години. Ова е потврда дека и во новата прволигашка сезона ќе има и те како интересни натпревари и некогашни традиционални дерби средби со што ќе се добие и еден нов прволигашки шмек.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk