Македонските навивачи без ПЦР тест и без карантин на ЕП во Романија

Исклучително важна и пријатна вест доаѓа за македонските навивачи кои ќе сакаат да патуваат на Европското првенство во фудбал во Романија каде што селекцијата на Македонија ќе одигра два натпревари. Во списокот на држави кои потпаѓаат во слободната Зелена зона покрај останатите се најде и фудбалска Македонија. Тоа фактички значи дека сите оние македонски навивачи кои ќе успеат да обезбедат карти за нив, влезот во Романија ќе биде слободен, односно без ПЦР тест и без никакви карантини. Ова од навивачки аспект ќе значи многу за нашата селекција да има своја поддршка на трибините во Букурешт а според информациите од таму најверојатно присуството на гледачи ќе биде ограничено од 12.000 – 12.500 навивачи. Инаку селекторот Игор Ангеловски веќе го објави списокот на играчи а се договорени и две контролни средби, на 1 јуни со Словенија и на 4 јуни со Казахстан. Во Букурешт репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари, против Австрија и Украина за да потоа се пресели во Холандија каде што ќе го одигра третиот меч со домашната репрезентација.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk