Одбојка: Прв пораз на Македонија, а турнирот се сели во Шлагелсе,Данска

Македонските одбојкари го загубија третиот натпревар во рамките на „А“ групата и тоа од Данска со резултат од 3:0, по сетови 25:21: 25:23 и 26:24 и по кое Данска изби на првото место на табелата. Во вториот меч селекцијата на Израел го победи Кипар со резултат 3:0 во сетови. Турнирот се одржа во спортската сала „Парк“ во Струмица и сега селекциите на Македонија, Данска, Израел и Кипар се селат во Шлагелсе во Данска каде што ќе се одржи вториот турнир. во рамките на Сребрената лига на Европа. Без оглед на резултатите нашата селекција ќе игра во фајнал фор од едноставна причина што ќе биде домакин и на финалниот турнир кој ќе се одржи во Струмица. Како и да е овие натпреври се корисни за нашите одбојкари со цел за одржување на натпреварувачкиот карактер како и достигнување на врвна форма пред решавачките натпревари.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk