
Речиси 90 учесници и над 134 композиции се пријавени за овогодинешното издание на фестивалот за деца Весело штурче. Од пристигантите треба да се изберат 22 песнички, за соло изведувачи, дует или пак можеби и трио. Директорот, Филип Стевановски, е задоволен од бројот на пријавени композиции и учесници. Вели оваа бројка е зголемена согласно бројката од претходната година, и со тоа фестивалот за деца добива поголеми вредности.
„81 учесник и 134 композиции. Тоа за нас е добра бројка и за учесници, но за нас е среќа што имаме толку голем број на автори. Тоа значи дека правиме стимулација на нашите домашни автори да се пријавуваат и тоа е одлично што имаме толку голем број на песни и ќе имаме доста голема работа да ги бираме песни и учесниците.“ – вели Стевановски.
Аудициите се закажани за овој викенд во Дом на млади. Секое дете ќе добие известување во колку часот е неговиот термин.
„Аудициите се овој викенд, сабота и недела на 9 и 10 март во Дом на млади. Секој учесник кој е пријавен ќе добие известување во колку часот му е терминот. Секој учесник задолжително мора да пее песничка од Весело штурче. Тоа се условите.“ – додава Стевановски.
Оваа година вестивалот „Весело штурче“ одбележува јубилеј 30 години постоење и за таа цел се предвидени низа изненадувања. Традиционално и оваа година, фестивалот ќе се одржи во втората половина на месец септември.
Лаура Стојанова М-Нет