БК Олимпија од Штип со пет злата и вкупно шест медали на меѓународен турнир во Италија, младите борачи задоволни од прикажаното!

Борачите на Борачкиот клуб Олимпија од Штип остварија одличен настап на Меѓународен турнир во Тиволи, Италија, на кој учествуваа околу 500 борачи од различни европски земји, штипскиот клуб освои вкупно шест медали – пет златни и еден бронзен.

Младите борачите преку камерата на М Нет телевизија истакнаа дека се задоволни од прикажното, а борењето како спорт велат дека тежок спорт, но со многу труд и работа може да се постигнат големи резултати, а притоа нагласија дека борењето како спорт го препорачуваат на нивните другарчиња кои сакаат да им се приклучат.

Во конкуренција до 11 години, натпреварувачите на Олимпија се закитија со четири медали. Јована Нисева го освои златото во категоријата до 32 килограми, Вероника Зафирова беше најдобра во категоријата до 36 килограми, додека Јана Илиева во истата категорија се закити со бронзен медал. Софија Коштанова го освои првото место во категоријата до 41 килограм, а Илија Папазов беше најдобар во категоријата до 34 килограми.

Успехот на штипскиот клуб беше надополнет и во сениорска конкуренција, каде што Андреа Нисева го освои златниот медал во категоријата до 65 килограми. Лука Николов, исто така во категоријата до 65 килограми, го заврши настапот на петтото место.

Од БК Олимпија од Штип се задоволни од постигнатите резултати и од прикажаните борби на своите натпреварувачи. Сите борачи имаа по четири борби, што им овозможи да стекнат драгоцено меѓународно искуство и да ја проверат својата подготвеност во силна европска конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет