
Викендот се играа натпреварите од 15. коло од Втората футсал лига на Македонија. Конзули наместо до Битола одново играше како домаќин во Демир Хисар и забележа нов пораз овој пат од Кораб со 3:6. Со овој триумф екипата на Кораб од Дебар прави сериозен притисок за првото место по поразот на Проект од Јувентус Серава, откако вчера Проект дома беше поразен со 5:6.
Мал Ајакс во Штип забележа убедлива победа над ССК Скопје од 7:1. Дарко Димитровски и Љубомир Тиквешанац постигнаа по три гола, а еден гол беше дело на Марио Филиповски. За гостинот единствен стрелец на мечот одигра во „Тошо Арсов“ беше Мартин Николоски.
Партизан Југ со 8:12 беше поразен дома од Балкан, Победа и Кратово ремизираа во Прилеп играјќи 1:1. Каршиака на домашен терен со 6:4 славеше над струшки Енхалон.
Мечот меѓу СЕЕ Университи и Шкендија е одложен, откако како што дознава телевизија М Нет екипата на Шкендија е предадена на дисциплинска и многу веројатно е дека оваа екипа би можела да биде исклучена од понатамошно натпреварување. Дали ќе биде така останува да видиме, а во претходното коло мечот меѓу Шкендија и Проект беше прекинат, откако натпреварот во 17. минута беше прекинат поради физички напад од капитенот на Шкендија врз првиот судија на мечот.
Александар Ванев, М-Нет