62 бели балони за починатите од Пулс, 100 дена по трагедијата болката иста, споменот вечен

62 бели балони беа пуштени во чест на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Повредените од пожарот кои се на регабилитација на одморалиштето на Пониква, од дворот на црквата Свети „Василиј Велики“, на 100 ден од трагедија истакнаа дека никогаш нема да се заборави кобниот 16 март, никогаш нема да се заборават 62 млади лица кои го загубија својот живот во дискотеката во која отидоа да се забавуваат.

Од пожарот во дискотеката „Пулс“ повредени беа околу 200 лица, дел од нив беа на лекување во странство. Во Кочани сега продолжува рехабилитацијата, а децата одат и на Физикална терапија. Моментално на одморалиштето на Пониква се 45 пациенти, а 16 одат на преврски во кочанската општа болница.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет