Да се пие многу вода и да не се излегува на сонце во периодот од 10 до 17 часот, лекарите со совети до граѓаните

Високите дневни теператури и високиот ув индекс преставуваат опасност по здравјето на граѓаните. Лекарите повторно со апел да се почитуваат нивните совети на овие плус 40 степени со цел да не завршат во болница. Препораките најмногу се однесуваат за повозрасните лица, но и за сите останати.

„Мојот апел е да се следат препораките на лекарите. Посебно кај повозрасните лица, во летниот период, во перидот од 9 до 18 часот да не излегуваат надвор бидејќи се склони кон влошување на здравствената состојба.“ – вели Бојчевски.

Во случај ако мора да се излегува од дома во периодот од 10 до 17 часот, се препорачува носење лесна облека, многу вода и пократко задржување на сонце.

„Доколку навистина мора да излегуваат, да носат светла, лесна облека, навремено да се рехидрираат, да пијат доволно течности и колку што можат повеќе да го скратат времето на излегување. Лицата кои имаат хронични заболувања да си ја пијат навреме терапијата“ – додава Бојчевски.

Како што велат од Брзата помош Штип треба да се консумира полесна храна и граѓаните да бидат внимателни бидејќи во пследните денови се зголемува бројот на пациенти кои побарале лекарска помош.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет