56 ученика се испишале од основните и средни училишта во Штип, но 40 се новозапишани

Околу 30 ученика се испишале од основните училишта во Штип после првото полугодие, 12 од нив заминале во странство со нивните семејства. Од друга страна пак 21 ученик се новозапишани во петте основни училишта во Штип. Тоа значи дека годинава нема драстична бројка на испишани ученици во учебната 2024/25 година.

„Во првото полугодие од учебната 2024/25 година имаме состоојби на отишување и повторно запишување на ученици во образованието. Во основното образование во сите општински училишта има вкупно околу 30 испишани ученици, но треба да се каже дека има 21 ученик кој се ново запишани. Тоа значи дека немаме големо намалување на бројот на ученици. Ос отпишаните за 12 ученика имаме информација дека заминале надвор од државата со своите семејства“ – вели Санева.

Слична е ситуацијата и во средните училишта. Во штипската гимназија нема промена во бројката на ученици кои ќе продолжат во второто полугодие. Во тектилното училиште се испишале тројца ученици, идентично како и во штипското медицинско училиште, но овде пак се запишале нови десет ученика. Промени се бележат и во СОУ „Коле Нехтенин“.

„Што се однесува до средното образование, во училиштата во Штип имаме испишани ученици во три училишта. Во гимназијата немаме напуштање на наставата, во СОУ „Коле Нехтенин“ 20 ученика се испишале, ама се запишани девет нови ученика. Во СОУ „Димитар Мирасчиев“ троја се испишани од кои двајца се заминати во странство и во СОУ „Јане Сандански“ се испишани тројца ученици, но се запишани десет нови ученици.“ – додава Санева.

Како што вели Санев претходните години бројката на ученици кои не го продолжуваат своето образование заради заминување во странство била поголема. Се очекува стабилизација и од година во година намалување на бројот на испишани ученици.

„Минатата година имаше повеќе дечиња кои заминаа во странство, а бројот беше уште поголем претходните години. Но, мислам дека бројот на деца кои заминуваат во странство се намалува.“ – додава Санева.

Претходната година второто полугодие започна со 50 отипишани ученика, 24 од основните училишта и 26 од средните училишта во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет