
Данче Тошева е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ во Штип.
Тошева е професорка по македонски јазик и литература, професија на која го посветила својот професионален пат, со особена посветеност кон јазикот, културата, македонскиот идентитет и пренесувањето на вистинските вредности на своите ученици.
Љубовта кон јазикот, почитта кон културата и длабоката поврзаност со корените, како што беше истакнато, Тошева сега ги пренесува и во својот општествен ангажман.
Како нова претседателка на Форумот на жени, таа најавува заложба за заштита, унапредување и афирмација на улогата на жените во општеството и политиката.
Функцијата ја презема со чувство на одговорност и со јасна визија – да покаже дека политиката може да се води достоинствено, одговорно и со чист образ.
Со новата улога, Тошева најавува посветена работа во интерес на жените и нивното активно учество во општествениот и политичкиот живот.
Ева Тушевска, М-Нет