
Со лопата во рака и едра сол, граѓаните си ги исчистија своите дворни места. Пепел речиси никој не практикува, бидејќи како што велат анкетираните за М-Нет истата остава траги и двојна работа, по топењето на снегот. Најважно е навремено дворовите да се исчистат , бидејќи отпосле е многу потешко да се пробие мразот кои може да биде опасен.
Чистењето на дворните места е обврска на секој човек, велат граѓаните, па затоа е важно навремено си обезбедат сол, додаваат граѓаните.
Инаку, Чистењето на снегот веднаш по врнежите е добро за да спречите негово натрупување и стврднување, па така Свежиот снег е полесен за отстранување. Едрата сол е супер решение, кога станува збор за ефикасно и лесно растопување и новите врнежи да не заледуваат во дворните места.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет