
Во тек е подготовката на решенијата за данок на имот и истите наредниот месец треба да бидат дистрибуирани до граѓаните. Оваа тековна 2025 година ќе бидат испорачани над 18 илјади решенија со што се очекува општината да собере околу 60 милиони денари од наплата на данок на имот, или шест милиони повеќе споредбено со лани.
„Решенијата за данок на имот за 2025 година се подготвуваат и во месец февруари ќе бидат дистрибуирани до граѓаните. Во претходната година сме доставиле 17 930 решенија, сега одделението ќе испорача 18 300 решенија. Лани очекуваниот износ за прибирање бил 54 милиони денари, сега општината планира да собере по осонов на данок на имот на физички и правни лица 60 милиони денари.“ – вели Каров.
Каров ги повика граѓаните до крајот на овој месец да ги ажурираат своите лични податоци ако имало промени претходната година, со цел решенијата за данок на имот да бидат точни. Ажурирање е птребно и на податоците во општината.
„Ги повикуваме граѓаните до 31 јануари како што е законскиот рок да извршат ажурирање на своите податоци, на промените на имотот ако се случило во претходната година со цел решенијата да бидат точни и податоците во истите да бидат точни. Исто така ги повикуваме во текот на 2025 година на шалтерите во општината да извршат ажурирање на своите податоци со што ќе достават и меил адреса која воо иднина ќе ја користиме за дигитализација на процесот.“ – додава Каров.
Откако ќе бидат поделени решенијата за налата на данок на имот, граѓаните треба да го платат својт данок до 15 ноември тековната година. Со парите кои се собираат од наплата на данок на имот, опшштината инвестира во капитални проекти.
Лаура Стојанова М-Нет