40- ти по ред ,,Марш за Ангелите“, оваа сабота пред паркот на Револуцијата во Кочани

40 ти по ред марш за ангелите, оваа сабота организираат родителите на загинатите од дискоетката Пулс во Кочани. Истиот ќе започне во 16:05 минути пред паркот на ревулуцијата во градот. Како што сооптшуваат од нивното дружение 16 март 2025 Кочани, на овој марш повторно ќе се бара правда, но ќе се зборува и за молкот на институциите, кој како што велат и по оваа трагедија не ја разбуди и освести државата. Ќе бараат одговорност за нивните прашања, за вистинската причина за смртта на нивните деца, за кои како што додаваат семејствата се уште очекуваат целосна и јасна вистина. Ги поканија сите родители, семејства, пријатели, сограѓани и луѓе со свест да им се придружат, да одвојат еден час за спомен, за поддршка и за заедчки глас, дека Кочани нема да молчи и дека нема да запре додека не ја довие вистинската правда.

,,На овој марш ќе зборуваме и за молкот на институциите, кој и по оваа трагедија не ја разбуди и не ја освести оваа држава. Ќе зборуваме за одговорноста што сè уште ја чекаме, за прашањата што останаа без одговор, за тишината што премногу долго трае и за вистинската причина за смртта на нашите најмили, за која семејствата сè уште очекуваат целосна и јасна вистина.

Ги повикуваме сите родители, семејства, пријатели, сограѓани и сите луѓе со совест да ни се придружат. Да одвоиме еден час за спомен, за поддршка и за заеднички глас дека Кочани нема да молчи и нема да запре додека не ја добие вистинската правда.

Еден час за нашите ангели.

Еден чекор поблиску до правдата.“, соопштуваат од здружението на граѓани 16 март 2025 Кочани

Инаку, во дискотеката Пулс, животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени и пренесени на лекување на клиники во земјава и странство. Во моментот се уште неколку пациенти одат на рехабилитација во Штип и Кочани. Исто така, во меѓувреме тече процесот на судењето за пожарот во дискотетката.

Иван Митев, М-Нет