
Врие од народ пред лазарева сабота на пазарот во Штип, граѓаните во потрага на свежи производи. На првиот петок од април најабарани беа зелката и комприот, како и лимоните кои граѓаните ги купуваа за цеден сок или за во чаша топол чај. Велат цените се идентични како и претходниот петок, реални, ама сепак високи за нивниот џеб. Покачувањето од 1000 денари на пензииите го потрошија во една ќеса прозиводи од пазарот.
Продавачи дури од струмичко босилово, овој петок продаваа свежи производи на штипскиот пазар. И тие се децидни оти зелката се троши како алва, бидејќи како што велат другите производи за штипјани се скапи.
Дополнително овој петок, се продаваа и свежи јајца пред празникот Велигден, како и многу домашни чаеви, зачини, грав, ориз, леќа. Дополнително се продаваше и свежиот кромид, кој граѓаните го купуваа за во салата.
Иван Митев, М-Нет