Филм со штипскиот актер Божидар Коцевски прикажан на УГД, кариерата ја започнал во 2009 година

Еден од филмовите во кои глуми Божидар Коцевски, македонски актер роден во Штип, кој живее и работи во Германија вчеравечер беше прикажуван во Свечената сала на Правниот факултет при УГД Штип, со превод на македонски и албански јазик. Коцевски вели дека со глумата започнал уште како мал, имитирајќи ги роднините, а потоа и учествувајќи во училишниот театар, а потоа и на студиите во Берлин.

,,Епа, јас почнав како мало дете да ги имитирам сите роднини, и бев во школскиот театар, па на студии во Берлин, и бев десет години на сцена, па тогаш почнав да снимам филмови и серии. Секогаш кога сакав да одам во театар кога бев тука, немаше ниедна претстава и промашив да отидам. Како мал само што бев во школото на театар. Првата професионална улога ми беше 2009 година“, тврди Коцевски

Актерот Коцевски дека имал само 1 години кога се преселил во Германија. Тој својата иднина ја гледа и замислува интернационално, патувајќи и движејќи се постојано од едно на друго место. Моментално, Коцевски живее во Берлин, каде очекува голем број на кастинзи и снимања во Германија, а потоа и во другите европски земји.

,,Се преселив кога имав 1-2 години. После студиите четири години, бев на сцена во Фрајбург имам играно во театарот, после во Берлин и после тоа ме виде кастери, и првиот филм така 2015-2016 година почна да снимам, да. Иднината јас си ја гледам многу интернационална, значи не можам јас на едно место да седам мирен. Морам да одам навам-натам. Имам исто снимано во Франција, една серија, другата година во септември ќе излезе, исто и во Швајцарија и така многу шетам, многу сакам да се движам. Јас сум во Берлин, таму си живеам, имам исто агенција таму и гледам таму да добијам повеќе кастинзи и да снимам во Германија, после и интернационално, Франција, Швајцарија. Оти зборам исто француски, англиски, македонски, германски“, додаде Коцевски

Првите филмски ангажмани ги започнал во периодот 2015–2016 година. Досега има искуство и со снимања во Франција и Швајцарија, а познавањето на германскиот, францускиот, англискиот и македонскиот јазик му овозможува да работи на различни меѓународни проекти.

Ева Тушевска, М-Нет