30 нови контејнери за стакло поставени во Штип

Стаклениот отпад преставува дополнителен проблем, за негово собирање и складирање. До сега имаше поставено контејнери посебно за стаклен отпад, а денеска во соработка на Локалната самоупрва на Општина Штип, ЈП „Исар“ и германското друштво за интернационална соработка , се склучи договор со што се обезбедија нови 30 контејнери за стаклен отпад.

Прокетот на собирање и селектирање на отпад е дополнителен проект во сорабока на ЗЕЛС, со Пако мак, финансиран од ГИС, за овозможување на граѓаните низ општините во државата полесно да се справат со отпадот.

Поставувањето на овие нови контејнери за стакло е од огромно значење и за ЈП„Исар“, меѓутоа истите не се наменети за секаков вид стакло туку само за стаклени шишња. За стаклото од прозорци и врати сеуште нема поставено посебни контејнери.

По поставувањето на контејнерите за стаклен отпад, се очекува граѓаните да се навикнат стаклените шишња да ги фрлаат овде. Овој прект освен во општините во државата се спорведува и во Република Србија и Босна и Херцеговина. Проектот има исклучитела важност воспоставување на маркетинг кампања за да сватат граѓаните која е потребата и бенифитите ос селектирање на стаклото. Од моменталните 3 тони собран стаклен отап се очекува во 2022 година да се достигне до 8 тони стакло на месечно ниво.

Лаура Стојанова М-Нет